еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

На Османи и Џафери им е поважно албанското знаме, отколку функционирање на правото и законите?

На дури двајца преставници на власта, официјално, едниот во Владата, кој е дури вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, а другиот претседател на Собранието, Талат Џафери, по се изгледа им е поважно албанското знаме, знаме на друга држава, не на таа што им дала функции и плата, отколку функционирањето на правната држава, правото и законот.

Првиот дури го оправдува инцидентот со поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид од наводен играорец од Косово, кој вели дека Охрид е албански град и дека е на албанска територија.

Наместо осуда за вакви изјави и постапки, Османи, кој не е вицепремиер само на Албанците кои живеат во Македонија, туку и на Македонците, порачува дека албанското знаме може да се постави било каде, оти тоа според него било дозволено со закон.

И тој истиот секој втор ден го слушаме како објаснува за право, реформи, закони и дека сите заедно ќе не носи во ЕУ.

Џафери пак се стави во улога на судија и полицаец, тумачејќи ја казната за наводниот играорец, која според него требало да биде поблага.

Изјавата е скандалозна сама па себе, а уште повеќе што доаѓа од првиот човек на македонското Собрание, каде се донесуваат закони.

Со вакви изјави, во кои на правото се гледа низ етничка призма, само за да се добијат симпатии кај одредена етничка заедница, тешко на правото, законите и правната држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Владата велат дека Законот за употреба на знамињата треба да го почитуваат сите

Османи не го знае законот за употребата на албанското знаме

Бујар Османи: Поставете го албанското знаме било каде, дозволено е со закон

За Џафери казната за играорецот кој постави албанско знаме, требало да биде поблага

Играорецот вели дека Охрид е албански град, затоа ставил албанско знаме на Самоиловата тврдина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Западните држави итно да ги заострат санкциите кон Русија и да воведат ембарго на нафта, побара Зеленски

Редакција

(Фото) Прво јавно појавување на сопругата на премиерот Ковачевски, Елена, носеше креација на Кокев

Редакција

(Фото) Parklend Hospitality Group одбележа 4 години од своето постоење

Редакција