еМагазин
Image default
Македонија

На Попова Шапка минус 15 степени, Маврово со 56 сантиметри снежна покривка

Минус 15 степени се измерени изутринава на Попова Шапка, а минус 12 во Маврово и Крушево. Температури под нулата има во сите населени места во Македонија, информира УХМР.

Снежната покривка во Маврови Анови изнесува 56 сантиметри, 26 во Крушево, 24 во Битола, 17 во Тополчани, 11 во Пожаране, 10 во Берово, осум во Лазарополе…

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до  умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1 степен.

Во Скопје, претежно облачно со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен, околу пладне засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до -1 степен.

Под влијание на многу студена воздушна маса, следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула.

Повремен слаб снег ќе има и во недела, а во првите два дена од следната недела ќе биде сончево со умерена облачност, но и натаму ќе биде студено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нухиу за насилството во Собранието: Чавков не ми одговараше на повиците

Редакција

Почнува увидот во Избирачкиот список, пријавување на дијаспората и на набљудувачите за референдумот за името

Редакција

Вељаноски: Јас да бидам организатор на настаните? Срамота!

Редакција