еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Најпознатите изреки на Гоце Делчев: Македонија слави 148 години од неговото раѓање

Македонија денеска одбележува 148 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Кој беше Делчев

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. На 4 мај во 1903 бил убиен од турска војска во селото Баница, на пат кон Сер.

Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Што велеше Делчев

Ве потсетуваме на неговите најпознати изреки:

“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”

”Ќе удри утринската зора и за нас…”

“Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива”.

“Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!”.

”Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух”.

”Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население”.

”Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата – или ќе водиме говеда на касапница”.

”Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”.

”Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците”.

”Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа…”.

“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По барање на Народниот правобранител повлечени списоците со лични податоци на граѓани корисници на финансиска поддршка

Редакција

„Пазар на штета на себе и признавање на вина која не постои“, вели Груевски за денешното судење за „Титаник“

Редакција

Објавен нов повик за приватните превозници, тие најавија учество со три нови фирми

Редакција