еМагазин
Image default
Локално

На предлог на градоначалникот на Општина Карпош: Миле Паника заслужен граѓанин за 2019 година

На предлог на градоначалникот за заслужен граѓанин за идната година е изгласан Бранко Огњановски, кој освен што е долгогодини граѓанин на Карпош е еден од најафирмираните сатирчари кај нас, информира Општина Карпош.

Општина Карпош, во Новата 2019 година ќе стартува со буџет од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран е „покус“ за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра. Сепак, советниците на Општина Карпош беа едногласни дека тој е скроен во „реални рамки“.

„Инаку, ваквата рационализација на буџетот дојде по дополнувањето на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа кој го изготви Министерството за финансии со кој на единиците на локалната самоуправа им се стави ограничување на зголемување на буџетите најмногу до 10% од просечно остварените приходи во последните три години“, се вели во соопштението.

Советниците на 17. седница исто така ја одобрија и предлог-програмата за одбележување на 43-годишнината на Општина Карпош, и го усвоија предвидениот буџет за идната 2019 година. На оваа седница се усвои и програмата за активностите на Општина Карпош во областа на негување и чување на традициите на македонскиот народ и македонската држава и заштита на историските споменици и спомен-обележја за 2019 година.

На денешната седница се усвои и предлог-мислењето на Програмата за изменување и дополнување на програмата за изведување на ученички екскузрзии и други ученички активности, во ООУ „Вера Циривири-Трена“ , „Владо Тасевски“, како и во „Петар Поп-Арсов“. Советниците исто така ја усвоија и предлог –одлуката за формирање на општински Совет за превенција на детско претстапништво во Општина Карпош.

фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен нов повик за приватните превозници, тие најавија учество со три нови фирми

Редакција

Обвинение против „лажната попишувачка“ од Скопје за шест тешки кражби

Редакција

Автобус удри во 11 годишно дете од Скопје

Редакција