еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

На претстижниот саем ISM 2020 во Келн, „Витаминка“ се претставува осма година по ред

„Витаминка“ успешно се претставува со својот асортиман производи на најголемиот Саем за кондиторски производи – ISM 2020 во Келн, Германија што започна на 2 и ќе трае до 5 февруари 2020 година.

Саемот претставува одлична можност за претставниците на нашата најголема компанија која работи во прехранбената производствена индустрија, да ги продлабочат односите и соработките, како и да остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

Настапот на саемот ISM 2020 е од големо значење за изложувачите, затоа што на тој начин се обезбедува успешно пробивање до светските пазари. Прилепска „Витаминка“ традиционално зема активно учество на овој престижен саем осум години по ред и се претставува со целиот асортиман на грицки и слатки производи, кои што предизвикуваат особен интерес од страна на посетителите.

На тој начин компанијата го потврдува фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, како и со креирање конкурентна понуда за задоволување и на најспецифичните барања од страна на потрошувачите се олеснува патот до глобалниот пазар.

Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите.

На саемот во Келн оваа година учествуваат повеќе од 1.600 производители од 65 земји од светот, а се очекува посета од повеќе од 38.000 посетители од 140 земји од светот, на простор од 120.000 метри квадратни.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И од Битола се може“ успешна приказна за 2019 година

Редакција

Моќ, сила и лидерство – Како жените го менуваат светот

Редакција

Презентирано истражувањето „Европски навики за плаќање во 2019 година“

Редакција