еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На продажба атрактивен деловен и магацински простор на „Авиоимпекс“

На јавно наддавање кое ќе се одржи на 26.11.2018 година ќе се понуди атрактивен деловен простор во строгиот центар на Скопје на авиокомпанијата „Авиоимпекс“ во стечај.

На продажба се нудат и повеќе згради магацински простор во Маџари.

„Се врши прва продажба  на недвижен имот-градежен објект во сопственост на стечајниот должник изграден на КП.бр.13412 запишан во и.л.бр.44581 за КО Центар-Скопје, зграда бр.1 со вкупна површина од 1.396 м² од која подрум со површина од 235 м², приземје со површина 264м², мезанин со површина од 264 м², кат 1 со површина од 316 м², кат 2 со површина од 317 м².

Проценетата  вредност на овој  недвижен имот изнесува 65.281.709 денари. Минималниот износ на наддавање изнесува 2.500.000 денари“, пишува во огласот.

Се врши прва продажба и на недвижен имот-градежни објекти во сопственост на стечајниот должник изградени и тоа:

Зграда бр.1-магацински простор со површина од 9.949 м².

Зграда бр.2-магацински простор со површина од 1.740 м².

Зграда бр.3-административна зграда со површина од 595 м².

Проценетата  вредност на овој  недвижен имот изнесува 256.040.935 денари. Минималниот износ на наддавање изнесува 5.000.000 денари.

Продажбата на имотот се врши на принципот видено-купено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 16 болни од Ковид-19

Редакција

„Еко-теам“ го доби тендерот за санација на колекторскиот систем Охрид-Струга вреден пет милиони евра

Редакција

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Редакција