еМагазин
Image default
Бизнис

На продажба имотот на Радио Слободна Македонија

Согласно одлуката на Собранието на доверители и Одборот на доверители, стечајниот управник на Радио Слободна Македонија во стечај објави оглас за продажба на имотот на стечајниот должник по пат на електронска продажба со јавно наддавање без утврдена почетна цена.

Се продава следниот имот сопственост на стечајниот должник:

-Опрема (радиоопрема,предаватели,миксети,сталцизакамери,слушалки,светла,микрофони, звучници,компјутери,телефонска централа,алармни системи,клима уред, камери за надзор , телефони и друго.

-Подвижен имот (канцелариска опрема, столици, бироа, мобилни телефони, гардеробери, полици, комода ормари и друго).

-Информатички средства(лап топи, принтери, хард дискови, УПС и друго.)

„Согласно проценка од овластен проценител, со вкупна проценета вредност од 17.891.858 денари. Електронската продажба со јавно наддавање (е-аукција) без утврдена почетна цена ќе се одржи на 23.12.2019 година“, пишува во огласот.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба

Редакција

Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Редакција

Тетовски Интерпромет ставен на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Редакција