еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На продажба имотот на телевизијата „Нова“

На јавно наддавање закажано на 06.11.2019 година ќе се изврши продажба на имот на стечајниот должник трговско радиодифузно друштво телевизија „Нова“ ДООЕЛ Скопје.

На продажба се нуди компјутерска опрема по проценета вредност од 6.502.606 денари.

Како купувачи на предметниот имот можат да се јават правни и физички лица, a имотот, предмет на продажба заинтерсираните купувачи можат да го разгледаат секој работен ден со претходна најава или да добијат информации на следниот телефон 075-423-265.

„Доколку при електронската продажба по пат на јавно наддавање без утврдена почетна цена биде понудена определена цена, oдлука за продажбата ja носи Собранието на доверители. Понудувачот чија понуда ќе биде прифатена како најповолна должен е да го уплати износот за извршената продажба во рок од 8 дена по добивањето на решението од стечајниот судија, во спротивно го губи правото на враќање на депозитот“, се вели во огласот.

Повеќе детали ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција

Tриглав Осигурување во првиот квартал со добивка

Редакција

(ВИДЕО) Тинејџерката Антониа Гиговска победи на Макфест

Редакција