еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На просечната плата и недостигаат уште 69 евра за да достигне 500 евра

Податоците на Државниот завод за статистика од периодот декември 2016-октомври 2019 година откриваат континуиран пораст на просечната плата.

Имено, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2019 година, изнесувала 25.726 денари, а просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016, изнесувала 23.457 денари.

Математиката покажува дека во изминативе три години просечната плата се зголемила за 2.269 денари.

На предвремените избори за пратеници во Собранието кои се одржаа на 11 декември 2016 година, едно од главните изборни ветувања на сегашната власт беше дека просечната плата ќе се зголеми до 30.000 денари или до 500 евра.

Пресметките покажуваат дека за да се исполни ова ветување на просечната плата и недостигаат 4.274 денари или околу 69 евра.

Останува да се види дали до април, кога се закажани следните избори може да се случи чудо и да се реализира ветувањето за просечна плата од 500 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „полуде“ за писмото до судиите: „Не се Бејли, Маре мори, не се црви“

Никола Осило

Трогателно мајчинско сведоштво: „Д-р Жан Митрев направи чудо со мојата Инеа“

Редакција

(Фото) Патниците од Пепелиште ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија

Редакција