еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Ременски ќе и се суди заедно со Боки 13, одобрено обвинението за случајот „Рекег 2“

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, случај кој во јавноста е познат и како „Рекет 2“.

-Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана нејавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

По веќе одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Кој се е осомичен во “Рекет 2“

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10 нови случаи на Ковид-19 во Делчево, шест во Берово

Редакција

Даночниот експерт Павле Гацов објаснува како функционира повратот на ДДВ за „Викендот без ДДВ“

Редакција

Резултатите од пописот ќе бидат готови во март или почеток на април, догодина

Редакција