еМагазин
Image default
Македонија

На респиратор 11 пациенти заразени со корона вирусот

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов црн рекорд: 12 починати од корона вирусот, петорица од Скопје

Чаир недостижен: Детален преглед на заразени со Ковид-19 по скопските општини

Нови 132 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 57

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во полициска акција „Бегалец“ уапсени синовите на убиениот Дилавер Бојку – Леку

Редакција

Министер за надворешни работи од ДУИ, заменик од ДПА?

Редакција

Граѓанските организации со остра осуда за пропустите во врска со бегството на Груевски

Редакција