еМагазин
Image default
ЖИВОТ

На роденденот на Горан Стефановски ќе се слави неговиот живот и работите што тој ги сакаше

Синот на Горан Стефановски, Игор на неговиот фејсбук-профил извести дека на роденденот на неговиот татко 27 април се планира една мала прослава на неговиот живот.

„Само да Ви кажам дека се планира една мала прослава на животот на Горан Стефановски на 27 април (неговиот 67 роденден), сабота, во Дебармаало (кај кругчето карши Наџак). Прво ќе се сади дрво во малото паркче (ќе има и клупа на која ќе седи негова скулптура, ама тоа подоцна), а потоа ќе има некои кратки читања, проекции на слики и видеа, музика итн. Идејата е да го прославиме неговиот живот и работите што тој ги сакаше, а се разбира и да се видиме и да пијнеме по нешто..

Ќе дадам повеќе информации кога ќе ги имам, на пример околу времето на настанот, ама за сега само сакав да ве замолам да го резервирате денот. Знам дека е Велигден и дека можеби веќе имате планови, така што без притисок, нема љутиш. Настанот ќе биде јавен, но сепак интимен (бар така го замислуваме за сега).

Исто така, Ве молам препратете ја оваа порака на луѓе кои мислите дека би биле заинтересирани да дојдат“, вели во апелот на неговиот фејсбук-профил, Игор Стефановски.

Фото: Делегација на ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор, тврди доктор Грозданова

Редакција

Тие што прележале Ковид-19 да се вакцинираат по еден месец, препорачува Националниот комитет за имунизација 

Редакција

Продолжува трендот на намален природен прираст на населението во Македонија

Редакција