еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

На што се должи падот на рејтингот на СДСМ?

Две анкети спроведени изминатиов период, едната на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а другата на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажуваат пад на рејтингот на владејачката СДСМ.

Фокусот на анкетите е престојниот референдум за името, па истите го мерат и расположението на граѓаните за Договорот со Грција, кој меѓудругото предвидува и промена на името на државата од Република Македонија во Северна Македонија за севкупна употреба.

Тоа во секој случај може да биде една од причините за пад на популарноста на СДСМ.

Но експертите немаат дилема дека тоа не е единствената причина. По доаѓањето на власт на СДСМ, граѓаните имаа преголеми очекувања, а од друга страна партијата барем до сега не покажа јасно дека е поразлична од нејзините претходници кои ја воделе државата.

Неколкуте скандали за користење на државни средства од фирми блиски до власта, злоупотребата на службената позиција од страна на функционери, неповолните законски решенија за граѓаните, кои удараат директно на нивниот џеб, незадоволство на граѓаните од генералната надворешната политика која ја води власта… се исто така дел од причините за кои треба сериозно да размисли СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишуваше Груевски пред да побегне за одењето во затвор: “Нека ме уапсат, затворат и малтретираат“

Редакција

„Заедно напред“ е официјалниот слоган на Стево Пендаровски за претседателските избори

Никола Осило

Пукотници во Чаир: Еден повреден при вооружен грабеж на НЛБ Банка

Никола Осило