еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

На скопјанец „му пукнал филмот“: Му го запалил џипот „БМВ Х-6“ на газдата поради неисплатени плати

На 03.09.2019 во 13.43 часот во СВР Скопје, И.И.(51) од Скопје, сопственик на фирма на бул.„Србија“, пријавил дека поранешен вработен во фирмата Љ.С.(56) од Скопје со бензин го полил неговото патничко возило „БМВ Х-6“, кое било паркирано на паркингот од фирмата и го запалил, а причина за тоа, според привичните информации се неколку неисплатени плати кон Љ.С., информира МВР.

Според пријавеното, Љ.С. го испрскал и И.И. со бензин. Огнот бил изгаснат од вработените, а Љ.С. бил приведен во полициска станица за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка од премиер на Косово

Редакција

Кафетериите и рестораните преку недела ќе работат до полноќ, за викенди до 1 часот после полноќ

Редакција

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама

Редакција