еМагазин
Image default
Убава приказна

(Галерија) На Скопскиот аеродром пречекан два милионитиот патник

„ТАВ Македонија“ бележи уште еден важна пресвртница во развојот на македонските аеродроми, со пречекувањето на 2-милионитиот патник на Меѓународниот аеродром Скопје

Во весела атмосфера на Меѓународниот аеродром Скопје, „ТАВ Македонија“ му посака топло добредојде на својот два милионити патник кој што допатува со летот од Доха на „Катар ервејс“, во 10:55 часот утринава, и му подари викенд за двајца во Доха.

„ТАВ Македонија“ ќе овозможи незаборавно патување за среќниот патник, со тоа што ќе обезбеди комплетен пакет за патувањето, заедно со својот партнер – „Катар ервејс“, како и со БТА, АТУ и ТАВ МОС, сестринските компании на ТАВ. ТАВ Македонија ќе обезбеди удобен престој во одличен хотел во Доха, „Катар ервејс“ ќе ги обезбеди авионските билети, ATU – ќе додели ваучер за пазарење во вредност од 200 евра, додека BTA и TAV MOS МОС ќе се погрижат за пријатно искуство и престој на аеродромот на добитниот патник, со тоа што среќниот патник бесплатно ќе ги користи услугите на ресторанот, како и услугите од Primeclass.

-Му честитам на нашиот 2 милионити патник и ѝ посакувам незаборавно патување во Доха, за што подготвивме специјален пакет аранжман со нашите партнери – Qatar Airways, како и со нашите сестрински компании – БТА, АТУ и ТАВ МОС. Во исто време би сакал да им се заблагодарам на сите патници што го избраа Меѓународниот Аеродром Скопје за нивните деловни и рекреативни патувања. Достигнувањето на 2 милиона патници во една година е импресивен успех за сите нас, па затоа во име на нашата компанија би сакал да им се заблагодарам на сите засегнати страни од воздухопловната индустрија, како Министерството за транспорт и врски, АЦВ, М-НАВ, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, авиокомпаниите и тур-операторите, за нивната соработка со цел да прославиме уште една голема и значајна пресвртница.

Би сакал исто така да ја искористам оваа одлична прилика да се заблагодарам на нашиот персонал за нивната заложба секогаш да обезбедат најдобри услуги за нашите гости, да го одржуваат задоволство на клиентите на највисоко ниво, како и да ги охрабрам да продолжат со нивната добра работа кон нашата цел уште еднаш да бидеме прогласени за најдобар аеродром во Европа, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Прославата за 2-милионитиот патник на Меѓународниот Аеродром Скопје е важен настан што го покажува брзиот раст и развој на аеродромот постигнати во текот на изминативе 8 години. Само пред 4 години, во октомври 2014 година, скопскиот аеродром го пречека милионитиот патник.

-Навистина ни е задоволство што сме дел од големиот настан во работењето на „ТАВ Македонија“ по повод два милионитиот патник на меѓународниот аеродром Скопје кој патуваше со „Катар ервејс“ на нашиот директен лет од Доха до Скопје кој ги поврзува нашите патниците со повеќе од 160 дестинации низ светот.

„Катар ервејс“ е една од најбрзо растечките авио-компании со модерна флота со повеќе од 200 авиони која е рангирана на ниво од 5 ѕвезди добиена врз основ на дадените услуги према патниците. Благодарни сме за успешната соработка со „ТАВ Македонија“ кои се посветени да овозможат квалитетна услуга која се надополнува со квалитетот на авиокомпаниите и со тоа овозможуваат компаниите да ги зголемат своите услуги со нови дестинации, изјави Алтај Шабан, Комерцијален директор на Катар ервејс за Македонија.

Како дел од ТАВ Аеродроми, еден од водечките аеродромски оператори на глобално ниво, ТАВ Македонија ги следи светските трендови и развивања во воздухопловната индустрија и резултатите се неверојатни. На скопскиот аеродром, во 2010 година имало 684.905 патници, во 2014 година бројот на патници бил 1.210.509, а денес, 5 Декември 2018 година, 2-милионитиот патник пристигна на Меѓународниот Аеродром „Скопје“.

Меѓународниот Аеродром „Скопје“ сега поврзува 38 дестинации со редовни летови, на 13 авиокомпании.

ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома продолжува со позитивните резултати од почетокот на годинава. Во првите 11 месеци од 2018 година (јануари – ноември), вкупно 2,1 милиони патници патување преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, што е пораст од 18% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 18.336, што е 9,4% пораст споредено со истиот период минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика

Редакција

Над 3.500 фотографии сведочат за активностите во изминатите 96 години на планинарскиот клуб „Љуботен“

Редакција

27. роденден на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

Редакција