еМагазин
Image default
Локално

На Токсикологија ноќеска примени 24 пациенти, тројца предозирани од дрога

На Клиниката за токсикологија ноќеска се примени 24 пациенти, сите во алкохолизирана состојба. Тие се веќе пуштени на домашно лекување. Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка се уште е на опсервација.

Како што изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, во Ургентниот центар во Скопје за време на новогодишната ноќ биле третирани околу 60 пациенти, главно повредени во сообраќајки, при физички напад, од посекотини од стакло и пиротехнички средства, но ниту еден нема посериозни повреди.

Во  Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, пак фрекфренцијата на пациенти била многу мала.

– Се на се, новогодишната ноќ помина со вообичаена фрекренција, со пациенти кои немаа посериозни компликации од повредите, изјави Филипче пред Клиниката за токсикологија.

Тој напомена дека оваа година во споредба со претходните намален е бројот на пациенти кои користеле психоактивни супстанци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево загинаа мажи на возраст од 42 и 48 години

Редакција

Момче од Арачиново повредено во напад со нож

Редакција

На кавадарчанка на сила ѝ одзеле златно ланче

Редакција