еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Најтопло во Македонија било во 2007 година кога биле измерени 45,7 степени

Најтопло лето откако се мерат температурите во земјава имало во 2007 година кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени.

Температурниот максимум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.

Температурите во државава официјално се мерат од 1948 година. Имало мерења и порано, но не е сигурно колку се прецизни, велат од УХМР.

Територија на земјава и деновиве е зафатена од тропски бран и високи температури кои ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.

Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта алертна фаза за високи температури.

Најтополо денеска ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.

Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: „Непрележаните и невакцинираните многу тешко ќе куртулат пред делта сојот, кој на есен ќе го видиме во „полн сјај““

Редакција

Доктор Пановски: „Тргнете ги сертификатите, одложете ја школската година за две недели, нека биде со физичко присуство и без маски“

Редакција

(Галерија) Молебен на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим

Редакција