Групата „Јавна соба“ на Телеграм повторно е активна, објави телевизијата Сител.
Експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки се споделуваат со околу 5.600 членови на групата, објави телевизијата.
22-годишна девојка од внатрешноста на Македонија се обратила до телевизијата откако нејзин пријател ја предупредил дека во групата биле објавени една нејзина фотографија од Фејсбук и уште две експлицитни од девојка која наликувала на неа.
Пријавила во полиција, но оттаму само и рекле дека вакви групи имало многу.
-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема соодветни мерки и активности во врска со случајот, одговориле од МВР на прашањето на Сител што точно преземаат надлежните.
Телевизијата Канал 5 пак објави дека се отворени три групи на кои се споделуваа експлицитни фотографии кои се насловени како „Јавна соба“.
Групите бројат над 5 000 членови, објави телевизијата.
На групите се споделуваат експлицитни фотографии и од момчиња.
„Јавна соба“ на Телеграм беше затворена пред една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“
Се подготвуваат кривични за креаторот и администраторот: Затворена “Јавна соба“