еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Најубавото од Галичник: Што е тајната на вкусот на галичкото сирење

Прво добредојде по патот кон Галичник се стадата овци. Порано на Галичник имало најголем број на овци по метар квадратен во Европа. Но сега, за жал тоа е променето и овците се повеќе се продаваат, бидејќи нема овчари кои сакаат да ги чуваат. Како што велат галичани, овчарите едноставно ќе исчезнат и ќе ги остават овците и затоа, нивниот број е намален.

До 70-те години на минатиот век, во Галичник се наоѓала најголемата фабрика за производство на волна, но по нејзиното затворање и селото почнало да пропаѓа.

Она што е најубаво од Галичник секако се сирењето, кашкавалот, киселото млеко. Тој вкус, го нема никаде на друго место.

„Тајната на галичкото сирење е пашата, според кажувањата на старите галичани има преку 40 различни цвета во тревата што овците ја пасар и во тоа е и тајната односно масноста на сирењето која е најбитна. Планината е голема и питома, постоењето на тие минимум 40 билки си го прави своето, сирењето да го прават такво какво што е“, ни раскажа галичанецот Александар Филиповски.

Најубавото сирење излегува после септември, бидејќи млекото од кое се произведува ги содржи состојките на летната паша полна со цветови.

Според познавачите, не е исто хранењето на овците во зима, кога тие се носат во потоплите краишта на југ и на лето, кога го земаат и даваат најубавото од планината.

Мора да сме направиле големи добрини во животот, што имавме среќа сирење да вкусиме директно од бачило, послужено за добредојде на најдобар топол можен начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Промоција на Галичник и Меденица како дел од Виа Динарика: Приказна која мора паметно да му ја раскажеме на светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Партизанска како скопски Лас Вегас, коцкарници на секој чекор

Редакција

Доктор Беќаровски објаснува како Ковид-19 влијае на сперматозоидите во спермата

Редакција

Две години и три месеци затвор за 21-годишниот Зеќири, кој усмрти десетгодишно дете на „Пластичарска“

Редакција