еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На возраст од 20 до 59 се најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Според последните податоци, објавени вчера, вкупниот број на заразени со коронавирусот изнесува 1.259.

“Тестирани се вкупно 660 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 28 или 4,2% од тестираните.

Потврдените случаи се од 6 градови, Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Велес и за прв пат е регистриран случај во Валандово.

Регистрирани се поединечни случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 6 во возрасните групи од 20-29, 40-49 и 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 15 женски и 13 машки лица.

Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.).

Вкупно 17 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена)“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболени 214 здравствени работници во Македонија, излечени 25

43 лица од починатите од коронавирусот во Македонија имаат хронична и здравствени состојби

Кардиоваскуларна болест имаат најголем дел од заболените со коронавирусот во Македонија

Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања

Фото: Град Скопје/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акцијата на Sport Life „Навиваме заедно за Македонија“ обезбеди над 700.000 денари за Центарот за деца со аутизам Охрид

Редакција

Регистрирани 672 прекршоци за неносење маска

Редакција

БДП во првото тримесечје во минус од 1,9%

Редакција