еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Набргу ќе биде готова новата методологија за преговори со ЕУ

Северна Македонија направи огромни жртви за да си ја обезбеди европска иднина и земјата заслужува да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, чија држава од денеска и официјално го презеде претседавањето со ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Загреб, Пленковиќ на заедничка на прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочи дека Северна Македонија го промени своето име и Устав и дека заслужува да биде дел од ЕУ.

Според Пленковиќ, новата методологија за преговори со ЕУ набрзо ќе биде готова и ќе и биде официјално презентирана на Франција.

Тој нагласи дека при неговата последна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, видел желба кај него да се направи напредок во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Мишел од своја страна изјави дека не е прашање дали е потребно проширување на Унијата или не, туку начинот како тоа да се направи, нагласувајќи дека очекува наскоро да има придвижување во тој правец.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И шефот на европската дипломатија, Борел, бара ЕУ да се се откаже од принципот на едногласност

Редакција

Македонија не треба да очекува да ги почне преговорите во јуни, смета Ќучук, известувач на ЕП за земјава

Редакција

Вакцинација, негативен ПЦР тест или антитела – основните елементи нa „Дигиталниот зелен сертификат“ за движење низ ЕУ

Редакција