еМагазин
Image default
Македонија

Корона вирусот во земјава се пренесува преку близок контакт, вели Филипче

Начинот на трансмисија на ковид вирусот во целиот изминат период е со близок респираторен контакт во рамки на еден кластер и поединци. И тоа ја детерминира сликата што веќе еден подолг временски период е присутна во нашата земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање дали е познат начинот на кој се заразиле заболените.

– Повеќе настани, повеќе семејни настани во меѓувреме се случија од каде што излегоа нови пациенти, меѓутоа во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила, рече Филипче.

Во однос на информациите дека не е почитувана епидемиолошката анкета за одредени блиски лица на заразените, Филипче истакна дека нема измени во протоколот и алгоритмот и тој насекаде е ист.

– Ако е констатирано дека се контакти, тогаш влегле во прашалникот што го пополнува заболеното лице, врз основа на податоците што ги дава на епидемиологот, заради тоа што епидемиологот прашува кои се најблиските контакти и најблиските луѓе во непосредното опкружување, колку време во денот ги поминуваат со тие контакти и колку последователни денови, и врз основа на тоа се цени ризикот што притоа може да биде мал, може да биде среден или голем ризик.

Врз основа на одредување на тој ризик се даваат и натамошни насоки дали ќе има домашна изолација, со соодветни препораки, рече Филипче.

Повтори дека во принцип тестирање не се прави во првите 14 дена, заради тоа што тоа е период во кој може да се развијат симптомите и можно е резултатот да биде лажно негативен и луѓето притоа да не ги почитуваат мерките за изолација.

Нагласи дека поради тоа се пристапува секогаш согласно еден ист прашалник и алгоритам што го пополнува заболеното лице, под контрола на епидемиологот од соодветниот центар за јавно здравје.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од корона вирусот почина пациент од Тетово на 47 годишна возраст

Убава вест: Оздравени 9 нови пациенти од Ковид-19, вкупно 1.387

Нови 23 случаи на заразени со корона вирусот, од кои 12 се во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

70-годишник се фрли од прозорец во ковид-центарот на „8-ми Септември“ и почина

Редакција

Сите детали: Што предвидува законот со кој се отежнува организирањето на протести

Редакција

Уставниот суд ќе чека изјаснување од Собранието: Одложено гласањето за помилувањата

Редакција