еМагазин
Image default
Забава

Над 3.000 лица од Македонија ги испратиле своите имиња за мисијата „Марс 2020“

Вкупно 3.322 лица од државава досега ги дале своите имиња за да им бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб сајтот на американската вселенска агенција.

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

Лансирањето кон црвената планета ќе биде од космодромот во Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида меѓу 17 јули и 5 август идната година.

Апликации може да се испратат до 30 септември оваа година.

Од регионот, своите имиња ги испратиле 19.764 лица од Грција, 8.525 од Србија, 7.113 од Бугарија, 7.051 од БиХ, 6.181 од Хрватска, 4.388 од Албанија, 2.920 од Словенија и најмалку 850 од Црна Гора. Најмногу имиња досега испратиле лица од Турција – 2.510.603.

МИА/Фото: НАСА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Победникот на Евровизија е негативен на тестот за дрога

Редакција

Македонија не се пласира во финалето на Евровизија

Редакција

(Видео) Фанк шуи објави спот за песната „Никогаш пак“

Редакција