еМагазин
Image default
Бизнис

Над 4.000 граѓани и фирми на УЈП и должат 145 милиони евра

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 30.11.2019 и неплатени до 29.02.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од  задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата на должници бр.03/2020 објавени се 1.765 должници – правни лица (помалку за 306 од претходната листа) и 2.321 физички лица (помалку за 208 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг изнесува 8.976.624.312 денари (околу 145 милиони евра), помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.791.372.146 денари (помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (без промени од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет најголеми должници на УЈП: ТЕ-ТО повторно на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најголемите акционери во УНИ Банка

Редакција

Истражување: Менуваат националност за државно вработување

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 9,4 милиони евра за девет месеци

Редакција