еМагазин
Image default
Локално

Над 60 мигранти откриени во два товарни возови

На 10.01.2020 во 15,55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Република Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир, информира МВР.

Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Истиот ден во 19.00 часот при контрола на товарен воз кој пристигнал од Република Грција од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица“ и полициски службеници од Република Чешка и Република Хрватска биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир .

Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за охриѓанец кој пишувал недолични коментари на Фејсбук

Редакција

(Фото) Како почна ски-сезоната на Попова Шапка: Со скиите на рамо по планината пешки, “пошто“ ски-лифтот тргни-застани-застани

Редакција

Трилер-кражба на обложувалница во Скопје: Вработена „зготвила“ вооружен грабеж

Редакција