еМагазин
Image default
Бизнис

Над 70 грчки компании дел од бизнис делегација што со Ципрас ќе дојдат во Скопје

Во бизнис делегацијата што ќе го придружува грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на посетата на Скопје, веројатно на 2. април, ќе бидат вклучени над 70 големи и средни компании, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, а компании од енергетскиот сектор, градежништво, индустриски производи, храна и пијалоци и висока технологија, според информациите на АНА-МПА, веќе изразиле интерес за учество и оцениле дека постои простор за инвестиции во земјава, јави дописничката на МИА од Атина.

-За време на патувањето ќе биде организирана бизнис конференција за поврзување, што има за цел учесниците од двете земји да дојдат до контакт да ги разгледаат областите за соработка. Компанијата („Enterprise Greece“) верува во динамиката на регионот на Југоисточна Европа и организира настани што ја зајакнуваат соработката и ја промовираат екстровертноста на грчките бизниси, пишува АНА-МПА.

Грчката новинска агенција објаснува дека компанијата за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece“, е надлежно државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот, „со цел да се промовира земјата како атрактивна инвестициска дестинација и да промовира конкурентни извозни производи и услуги во Грција“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Павле Гацов и Марјан Петрески дел од новиот тим на Ангеловска во финансии

Редакција

„Аутомобиле-СК“ го доби тендерот на МВР за набавка на 10 возила за брзо распоредување вреден 243.000 евра

Никола Осило

Управниот суд распиша тендер за набавка на лимузина од 1,6 милиони денари

Никола Осило