еМагазин
Image default
Балкан

Над 70% од Грците сметаат дека Договорот од Преспа е во корист на Македонија и во иднина ќе создаде сериозни проблеми

Последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата за рејтинг MRB Hellas, а објавено од информативниот портал „Реал“, покажува дека 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа, исто толку сметаат дека договорот не ги гарантира грчките интереси, повеќе е наклонет и повеќе им служи на македонските интереси и во иднина ќе создаде сериозни проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.

Речиси пет од 10 Грци одговориле дека договорот ќе биде изгласан од грчкиот Парламент, а 25.9% сметаат дека Македонија е „вистинска закана за Грција“.

Од испитаниците било побарано да одговорат на прашањето: „Врз основа на она што го знаете, имате слушнато, имате прочитано, како, во целост, го оценувате договорот што го потпиша грчката влада со ПЈРМ?“

Според резултатите, 70.2% дале негативна оцена (веројатно негативна 20.5%, сигурно негативна 49.7%, а само 12.1% позитивна оцена (8.2% веројатно позитивна, 3.9% сигурно позитивна). Додека пак 4.6% рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

На анкетираните, им биле понудени неколку ставови и било побарано од нив да одговорат дали и колку се согласуваат или не се согласуваат. МИА во целост ги пренесува прашањата и одговорите на испитаниците.

– Со финализирањето на конкретниот договор, Грција престанува да биде дел од еден проблем и може да претендира да добие активна улога на Балканот.

67.3% веројатно/ сигурно не се согласувам

24.3% сигурно/ веројатно се согласувам

8.4% не знам/ не одговарам

– Новиот договор ги гарантира, на реален начин интересите на Грција.

71.5% веројатно/ сигурно не се согласувам

20.7% сигурно/ веројатно се согласувам

7.8% не знам/ не одговарам

– Новиот договор е повеќе наклонет и повеќе им служи на интересите на ПЈРМ.

74.7% сигурно/ веројатно се согласувам

18.2% веројатно/сигурно не се согласувам

7.1% не знам/ не одговарам

– Новиот договор ќе создаде сериозни проблеми во иднина.

74% сигурно/ веројатно се согласувам

17.9% веројатно/сигурно не се согласувам

8.1% не знам/ не одговарам.

Во истражувањето од Грците било побарано да одговорат на прашањето дали сметаат дека Договорот од Преспа ќе биде изгласан во грчкиот парламент. Речиси 5 од 10, односно 47% одговориле позитивно (14.8% сигурно да, 32.2% веројатно да), а речиси 4 од 10 негативно, 37.4% сметаат дека грчките пратеници нема да го изгласаат.

Македонија е на третото место во однос на тоа која земја, Грците ја сметаат за вистинска закана за Грција. Понудени одговори освен Македонија, се и Турција, Албанија и Бугарија.

Прва е Турција со 84.5%, втора е Албанија со 42.8%, а потоа Македонија со 25.9%. На четврто место е Бугарија со 7.2%.

Истражувањето било спроведено од 28 ноември до 6 декември со анкетирани 2.000 лица со право на глас преку методот на директни интервјуа (face to face).

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еурактив: Грција прва ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО, на 8 февруари

Редакција

Земјотрес од 4,3 по Рихтер ја погоди Црна Гора

Редакција

Запленети рекордни 800.000 лева по докази за купување гласови на изборите во Бугарија

Редакција