еМагазин
Image default
Бизнис

Над 800 илјади евра отштета ќе исплати осигурувањето за сообраќајката кај Ласкарци

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека во овој случај најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума.

– Во Законот за здолжително осигурување има пропишано максимален износ на штета предизвикана од автобус. Максималниот износ по еден осигурителен случај може да изнесува 675 илјади евра, рече Попоски, појаснувајќи дека ова е по основ на полисата за автоодговорност и дека таа сума ја делат сите во сообраќајката.

Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4.500 евра по смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување

– Дополнително доколку оштетените имаат основ и побаруваат повеќе од овој максимален износ на штета тогаш тие директно можат таа штета да ја побаруваат од причинителот на штетата, појасни Попоски.

Ова, како што соопшти, ќе биде една од поголемите исплатени штети во последните години, покрај онаа за хеликоптерската несреќа, а минатата година највисоката штета е исплатена во износ од 35,196 милиони денари на правно лице од страна на компанијата Осигурување Македонија.

МИА/Фото: meta.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Значителен раст: За шест месеци во Македонија странски инвестиции од 327 милиони евра

Редакција

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција

Кичевско „Тајмиште“ со загуба во првите девет месеци

Редакција