еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Над два милиона лица заразени со корона вирусот во светот, починати повеќе од 126.000

Според најновите податоци, во светот со корона вирусoт досега се заразени 2.004.383 лица, починати се 126.811, а оздравеле 485.304 луѓе.

Најмногу заразени има во САД – 614.246, а починале 26.064 лица.

Шпанија пријави 174.060 заразени, како и 18.255 смртни случаи.

Во Италија од корона вирусот починале 21.067 лица, а заразени се вкупно 162.488 луѓе.

Франција има 143.303 заразени, а починале 15.729 луѓе.

Во Велика Британија има 93.873 заразени, починале 12.107 лица.

Во Германија се регистрирани 2.486 нови случаи на корона вирусот, така што вкупниот број на заразени е 127.584, покажуваат денешните потоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Во Кина во последните 24 часа се пријавени 46 нови случаи на коронавирусот, а од последици од болеста починало едно лице.

Повеќето новозаразени, 36 пациенти, дошле од странство. Така вкупниот број на увезени случаи на Ковид-19 во Кина достигна 1.500. Од нив 596 луѓе веќе оздравеле, а 904 се уште се лекуваат.

Во Романија од Ковид-19 починаa уште шест лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 357. Бројот на заразени до вчера изнесуваше 6.879.

Во Бугарија има вкупно 735 потврдени случаи на коронавирусот. Досега се излекувале 105, а починале 36 луѓе.

МИА/Фото: СЗО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: САД ќе прекине да ја финансира СЗО поради пропустите за корона вирусот

Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје

Над 26.000 починати од корона вирусот во САД

Кај тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија не била присутна хронична или здравствени состојби

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рекет“ продолжува утре: Боки 13 сака да поднесе 19 кривични пријави

Редакција

Телото на удавениот 42-годишен штипјанец пронајдено во Дојранско Езеро

Редакција

Убава вест: 246 оздравени од Ковид-19

Редакција