еМагазин
Бизнис

Колкави се надоместоците на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка

Во согласност со Одлуката за утврдување на висината на надоместоците за работа во органите на Охридска банка, усвоена од Собранието на акционерите на седницата на 11 мај 2017 година, на членовите на Надзорниот одбор, за учество на седница им се исплаќа фиксен надомест од 15.000 денари месечно, додека на членовите на Одборот за ревизија фиксен надомест од 15.000 денари на секои три месеци, стои во годишниот извештај на Банката, објавен преку Македонската берза.

„Во текот на 2018 година, на вкупно 5 члена на Надзорниот одбор по основа на надоместоци за присуство на седници им беше исплатен бруто-износ од 1 милион денари, додека по основа на деловна успешност им беа исплатени вкупно 3,2 милиони денари бруто-износ.

На вкупно 5 члена на Одборот за ревизија по основа на надоместок за учество на седница им беше исплатен бруто-износ од 333,3 илјади денари, а по основа на деловна успешност им е исплатен бруто-износ од 200 илјади денари.

Од вкупниот исплатен бруто-износ на 5 члена на Надзорниот одбор и на 5 члена на Одборот за ревизија, 28% е по основа на фиксни надоместоци за учество на седница, додека 72 % е по основа на исплата за деловната успешност“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка

Кои се членовите на Управниот одбор на Охридска банка

Колкави се платите и надоместоците на менаџментот на Охридска банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата доцни со помошта: Стопанска комора изготви мерки за надминување на кризата со струјата, бара итна средба со надлежните

Редакција

Анализа на „Пари“: Топ 10 компании за производство на облека, според приходи

Редакција

Туџарова-Трајковска продаде, а Пецовски купи акции во Реплек

Редакција