еМагазин
Image default
Бизнис

Намален бројот на вработени во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во октомври 2021 во однос на октомври лани е намален за 2,5 проценти, а од јануари до октомври во споредба со истиот период минатата година за 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање од 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.9 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4 %, Капитални производи за 2.9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.5 %.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Индустриското производство зголемено за 1,8 % во првите десет месеци

Фото: Photo by Christopher Burns on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните претпријатија во септември заштедиле 8% струја, ЈП Водостопанство со поголема потрошувачка од претходната година

Редакција

(Во живо) Колони возила на Богородица за влез во Грција

Редакција

Затворот Скопје вработува шест лица, плата до 33.255 денари

Редакција