еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена добивката на „Европа“

Вкупните оперативни приходи на АД „Европа“ за периодот 01.01-31.03.2019 година се намалени за 7,7% во однос на истите во 2018 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Останатите приходи се зголемени за 537,5%, а кај финансиските приходи зголемувањето е 153,7 % во однос на 2018 година.

„АД „Европа“-Скопје за периодот 01.01-31.03.2019 година оствари добивка во износ од 9.018.727 денари и е помала во однос на претходната година за 59,3%. Вкупните расходите се зголемени за 4,1% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01-31.03.2019 година се зголемени за 5,5%, а финансиските расходи пак се намалени за 30,4% во однос на 2018 година“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европа“ ја удвои добивката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прометот во индустријата лани зголемен за 12,5%

Редакција

Не чекајте ред: И од плажа може да го наполните фрижидерот со продукти

Редакција

„Мода“ АД Свети Николе ја зголеми добивката

Никола Осило