еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена добивката на „Фершпед“

„Фершпед“ АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.-30.09.2019 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2019 година изнесува 74.773.000 денари и истата е намалена за 20% во однос на добивката во 2018 година истиот период.

Вкупните приходи од работењето на „Фершпед“ АД Скопје за период јануари-септември 2019 година изнесуваат 2.705.505.000 денари и истите бележат зголемување за 5% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период  минатата година.

Вкупните расходи осварени во период јануари-септември 2019 година изнесуваат 2.621.099.000 денари и истите бележат зголемување од 6% во однос на истите мината година.

Нето добивката во анализираниот период изнесува 74.476.000 денари што пoкажува намалување на истата во однос на добивката од минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Итно средба во Владата и заедничко креирање на измените на Законот за игри на среќа, бараат обложувалниците

Редакција

Српски медиуми: Врање и „Лидл“ под „опасада“ на Македонците

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот за изградба на сообраќајници во ТИРЗ Прилеп вреден 652.000 евра

Редакција