еМагазин
Image default
Бизнис

Намалена добивката на „Оилко“

Во периодот јануари – септември 2018 година „Оилко“ оствари вкупни приходи во висина од 314,7 милиони денари и вкупни расходи од 270,6 милиони денари при што оствари добивка пред оданочување од 44,1 милиони денари и добивка по оданочување во висина од 41,6 милиони денари, за разлика од минатата година кога во истиот период друштвото оствари добивка од 48,4 милиони денари што претставува намалување на истата за 14%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Ваквиот резултат се должи на зголемување на оперативните приходи за 3% во услови на зголемување на приходи од продажба на домашен и намалување на приходи од продажба на странски пазар; зголемени оперативни расходи за 6% најмногу поради зголемената амортизација на возниот парк како резултат на процесот на инвестирање во истиот; зголемени количества на превезени нафтени деривати со вагон цистерни коишто се дадени под закуп со фиксен износ.

Во изминатите години ваквиот транспорт се одвиваше во помал обем поради честите штрајкови на железниците како и поради честите санациии на определени делници на пругата. Зголемениот железнички транспорт од страна на закупецот, резултираше со намалување на користење на капацитетите на авто цистерните на друштвото коишто остваруваат приход пресметан по цена за секој литар или килограм превезен нафтен дериват; зголемена цената на дизел нафтениот дериват како погонско гориво на возниот парк на друштвото, информираат од компанијата.

Фото: Оилко

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ ја зголеми добивката за три пати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот за ликвидност на ЕСМ додека не добие извештај како се трошени парите за транспорт на јаглен

Редакција

„Сковин“ ја намали загубата

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Руд-коп“ вреден 479,6 илјади евра

Редакција