еМагазин
Image default
Бизнис

Намалено пазарното учество на Комерцијална банка во вкупните кредити и депозити

Намалувањето на вкупните депозити и кредити за компаниите односно нефинансиските друштва придонесоа за пад на пазарното учеството на Комерцијална банка во вкупните депозити и кредити во македонскиот банкарскиот пазар во минатата година, покажува годишниот извештај на банката објавен преку Македонската берза.

Имено, во 2019 година учеството на банката во вкупните депозити од нефинансиски друштва се намалило на 21,8% од 23,1% колку што изнесувало претходната година.

Истовремено, Од 22,5% на 21,3% паднало учеството во вкупните кредити на нефинансиските друштва.

Од друга страна, во периодот 2018-2019 година, банката бележи зголемување на учеството во вкупните депозити и кредити за домаќинствата и тоа од 28,2% во 2018 на 28,4% во 2019 година кај депозитите и од 9% на 10,2% кај кредитите.

Сепак, крајниот резултат е намалување на пазарното учество кај вкупните депозити од 25,9% на 25,6% и кај вкупните кредити од 15,9% на 15,8% во периодот 2018-2019 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка како агенција за недвижнини: Преземен имот вреден милиони евра

„Познато друштво“ повторно во Надзорниот одбор на Комерцијална банка

Комерцијална банка на тројца членови на Управниот одбор лани им исплатила 876.000 евра за плати и надоместоци

Комерцијална банка ќе исплаќа дивиденда во бруто-износ од 550 денари за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не го евидентирале излезот на автобусот на “Беса транс“ од државата: Двајца царинарници суспендирани, санкции и за раководителот

Редакција

МВР на консултантски услуги за изработка на биометриски документи ќе потроши 3.000.000 денари

Редакција

„Адриа медиа груп“ го напушта „Слободен печат“

Редакција