Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 20 до 26 септември тестирани се вкупно 25.093 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,4% во однос на претходната недела.
“Регистрирани сe 2.934 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, за 36,5% помалку од минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 6,5% до 14,4%, просечно 11,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.484; 50,6%)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За една недела 124 деца до 9-годишна возраст заболеле од Ковид-19
За една недела 108 смртни случаи од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово
За една недела 32 лица повторно се заразиле со Ковид-19
Фото: МЗ