еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Наместо дијалог, убиства и пукање редовна појава во ДУИ

Редовна појава стануваат случаите во кои членови на владејачката ДУИ меѓусебно или со трети лица проблемите ги решаваат со пукање, за кои искуствата покажуваат дека знаат да завршат и кобно за учесниците.

По најновиот случај со Ваљон Беља, фукционер од редовите на ДУИ кој доби крушуми во нозете, се поставува прашањето колкава контрола имаат лидерите на партијата врз своето членство и воопшти врз однесувањето на партиските функционери.

Во април, годинава Наим Реџепи од Куманово беше убиен во вооружена престрелка која се случи во Мала Речица во близина на седиштето на ДУИ. Во инцидентот како што официјално информираше МВР беше повредено уште едно лице.

Во 2014 година партискиот состанок на ДУИ во скопската општина Сарај заврши со пукање, по што петмина членови на партијата се ранети, а еден од нив беше потешко повреден.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во 2008 година обелодени дека врз него имало обид за атентат во селото Раковец, каде ДУИ одржувале средба со граѓаните.

„Откако добив предупредување дека ситуацијата навистина станува сериозна побарав од сите луѓе коишто беа со мене да бидат уште повнимателни за да не дозволиме било што да се случи. Откако престанаа пукотниците, го напуштив штабот, влегов во моето возило и тогаш започна еден голем рафален истрел, кој доаѓаше од позади, но сакаше Господ и јас преживеав, веројатно и поради самото возило. Со овој истрел, во овој инцидент е рането едно дете“, рече тогаш Ахмети.

Тој додаде дека ги знае сторителите на ова дело, но ги знаат и државните институции и претставниците на меѓународната заедница, бидејќи станува збор за добро познати лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ваљон Беља, кој беше застрелан во скопски Чаир

Пукање во Чаир: Функционерот од ДУИ, Ваљон Беља застрелан во потколеницата

Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се омажи Нина Ангеловска, на свадбата и дојдоа и Заев и Филипче

Редакција

Најава за намалени цени, но што утврдивме на терен: Трговците ја ограничија продажбата на производи

Редакција

До сега се потрошени 100 евра: Владата не знае колку пари ќе потроши за кампањата за референдумот за името

Редакција