еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Наочарите и капчето на Груевски ја фрлија во сенка владината реконструкција на Заев

Иако е коинциденција вчерашаното поклопување на изборот на нови министри во Собранието и разгледувањето на барањето за екстрадикција на експремиерот Никола Груевски во Унгарија покажа дека поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ привлекува многу повеќе внимание кај македонската јавност и кај домашните политичари отколку владината реконструкција.

Доказ за тоа е што на собраниската расправа за изборот на нови министри наместо за предложените кандидати главната дебата се водеше околу Груевски.

Додека пратениците се караа околу него, тој со наочари и капче како во некој од холивудските филмови ја дочека одлуката на унгарскиот суд за одбивање на барањето за екстрадикција, што е своевиден пораз за актуелната власт во земјава која дозволи Груевски да и побегне пред очи.

Иако пратениците синоќа на седница за реконструкција на Владата ги избраа Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците, нивниот избор падна во втор план.

Уште една причина за тоа е најверојатно што јавноста насети дека неместо суштински промени владината реконструкција се сведе на шминка.

Подебелиот крај при реконструкцијата го извлече министерот за финансии и Драган Тевдовски, кој веќе не е министер поради непромислената одлука на премиерот Зоран Заев да го замени со цел тој да го презеде министерството за финансии, која експресно ја повлече по реакциите на Антикорупциската комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Грујо наутро на суд со лисици, а попладне на Дунав со мисици“: Твитер реакции по одбивањето на Унгарија да го екстрадира Никола Груевски

(Видео) Груевски во судница во Будимпешта со „стил“ ја чека одлуката: Капа, очила за сонце и лисици на рацете

Груевски се јави за денешното сослушување: Стандардна процедура на институциите во Унгарија

Груевски се спаси: Унгарија не дозволува екстрадиција

Владината реконструкција станува фијаско: „Метлата“ го зафати и Заев

фото: hvg.hu

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европарламентот расправа за Извештајот за напредокот на Македонија

Редакција

Одбраната на обвинетата Клементина Левковска побара ослободителна пресуда за случајот со убиството на ракометарот Тот

Редакција

Починаа нови пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 351

Редакција