еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Напад врз граѓански организации оти се против „францускиот предлог“

Деновиве сме сведоци на напади врз граѓански организации поради ставовите кои јавно и аргументирано ги споделуваат со јавноста во врска со францускиот предлог за отворање преговори со ЕУ, велат во соопштение од Институтот за европска политика.

“Би сакале да нагласиме дека, наспроти сѐ, Институтот за еворпска политика (ЕПИ) ќе остане доследен на своите цели, мисија и принципи.

Продолжуваме да се застапуваме за вредностите на ЕУ утврдени во членот 2 од Договорот за ЕУ: „почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

Остануваме доследни на нашите принципи на стручност, интегритет и независност.

Поддржуваме аргументирана дебата каква што недостасува во јавноста, без сведување на “предавници“ и „патриоти“.

Ја збогатуваме дебатата за проширувањето со учество на сите релевантни субјекти, вклучувајќи официјални претставници, независни експерти и граѓански организации, домашни и странски.

И натаму ќе бидеме отворени за медиумите, почитувајќи ја нивната независност и слободата на изразувањето, како основни демократски вредности.

Очекуваме објективно и непристрасно известување, без искривување и врамување.

ЕПИ ќе остане непартиска организација, која ќе соработува со сите релевантни субјекти, но и ќе анализира, критикува и предлага, врз основа на истражувања и докази“, велат од ЕПИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанскиот политиколог Ѓета за „францускиот предлог“: Дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане неспроведлив

Ида Мантон за „францускиот предлог“: Подобрете го договорот за да ја спасите Европа од самата себе

Професорката Лаброска до Макрон: Македонците имале, имаат и ќе имаат достоинство не затоа што ќе им го даде ЕУ, туку затоа што го носат во гените со милениуми

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.112 случаи на Ковид-19 од 2.553 тестирања

Редакција

Грчки медиуми: Министерката Мизрахи од ВМРО продолжува да провоцира

Редакција

Стагнира бројот на новозаболени, во благ пораст на оздравени од Ковид-19 во Кичево

Редакција