еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Банките да не делат дивиденда, добивката за зголемување на капиталот

Банките да ја стават добивката остварена во изминатата година во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките. Вакво укажување е дадено од Народната банка во рамки на интензивната комуникација со банките а во врска со нивната подготвеност за справувањето со потенцијалните негативни последици од вирусот Ковид-19.

„Народната банка им укажа дека очекува како и досега, тие да покажат високо ниво на прудентност, вклучително и при носењето на одлуките за распределба на добивката остварена минатата година“, наведуваат од централната банка.

Оттаму појаснуваат дека нивните надзорни и управни одбори се известени дека како надлежен регулаторен и супервизорски орган очекуваат добивката остварена во измината година да се стави во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив.

„Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите кои се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот Ковид-19 врз домаќинствата и правните лица.

Високото ниво на прудентност при носењето на одлуките за распределба на добивката ќе придонесе за натамошно успешно одржување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор, а со тоа и за одржување на финансиската стабилност“, истакнуваат од Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Како изгледа алгоритамот според кој лекарите утврдуваат кој ќе се тестира од корона вирусот

Регистрирани првите случаи во Прилеп: Сопружници заболеле од корона вирусот

(Видео) Путин облече скафандер и ги посети заразените од корона вирусот во Москва

(Видео) Диџеј од Струга со настапи на тераса „против“ корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранко Грегановиќ го презема раководењето со НЛБ Банка Скопје

Редакција

Хотели-Метропол лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

Хотелиерите побараа од Бектеши корекции за субвенциите, дел да одат во хотелите и кај домашните туристи

Редакција