еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Денарот е и ќе остане стабилен, нема промени во девизниот курс

Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи.

Народна банка апелира на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации, бидејќи секое произволно толкување на информациите во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти врз домашната економија.

– Апелираме онлајн-платформите да не се користат како релевантен извор на информации и нивното прикажување на виртуелни пресметковни курсеви да не се смета за релевантен податок.

Овие платформи не ја прикажуваат вредноста по која странските валути се купуваат на домашниот пазар, односно кај банките и менувачниците, нагласуваат од Народна банка.

Оттаму посочуваат дека единствен релевантен извор на информации според кој населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута е курсната листа што ја објавува централната банка на својата веб-страница – www.nbrm.mk.

– На курсната листа што е во важност во моментов, средниот курс на еврото во денари изнесува 61,69 денари, посочуваат од Народна банка додавајќи дека располагаат со низа инструменти со кои гарантираат дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен и оти девизните резерви се на високо ниво и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Новозаболените со коронавирусот се на возраст од 30-39 години, 11 поврзани со потврдени случаи

14 заболеле во болница: Бројот на здравствени работници со коронавирусот порасна на 21

Четири деца во Македонија се заболени со коронавирусот

Секојдневно се менува: Како изгледа мапата на заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кратко срцево боледување почина еден од најдобрите угостители Мирко Голомеиќ, сопственик на ланецот Рагуза

Редакција

„Тежок“ тендер: „Никоб“ за три милиони евра ќе ги обезбедува објектите на државната управа

Редакција

Проф. Трајковски: Нема место за паника, новиот сој на Ковид-19, омикрон, се разликува само во шилецот

Редакција