еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Корона вирусот е неочекуван шок, неизвесни економските ефекти

Во февруари, ширењето на коронавирусот надвор од Кина ја зголеми загриженоста на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари околу негативните импликации врз глобалниот економски раст, соопшти Народната банка по одржувањето на седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика.

„Во такви услови, инвеститорите имаа поизразен интерес за вложувања во посигурни финансиски средства (злато и државни обврзници) чиишто цени бележеа пораст, при истовремен значителен пад на цените на акциите на светските берзи.

Глобалната неизвесност и случувањата на финансиските пазари на почетокот на март наложија потреба за координирање на политиките на земјите членки на Г-7, коишто преку телеконференција изразија подготвеност да ги искористат сите расположливи инструменти со цел постигнување на силен и одржлив економски раст.

Непосредно по овој настан, Централната банка на САД – ФЕД на вонреден состанок реагираше со значително намалување на целното ниво на референтната каматна стапка, а последните неколку денови сѐ позасилени се очекувањата на пазарните учесници и за дополнителни измени во истата насока од страна на оваа централна банка.

Неизвесноста околу идните мерки на развиените економии, како и големата променливост на меѓународните финансиски пазари којашто во изминатите неколку денови се манифестира со значително намалување на: цената на нафтата, берзанските индекси и вредноста на американскиот долар во однос на еврото и во следниот период активно ќе се следат од страна на Народната банка со цел адекватна оценка на нивните ефекти врз домашната економија и потребата за преземање на евентуални мерки“, укажуваат од  банката.

На седницата на Комитетот е заклучено дека последните макроекономски показатели во домашната економија главно се движат во согласност со очекувањата, но ризиците од окружувањето стануваат се понагласени.

„Новата вирусна инфекција, Ковид – 19 се одразува врз глобалната економија, а нејзините економски ефекти во целина се уште се неизвесни и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок кој е од неекономски карактер. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на рендовите и потенцијалните ризици од окружувањето, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата повикува на сеопшта одговорност против корона вирусот: Засега нема кризна состојба

Детална листа: Вкупно 19 мерки и активности против ширење на корона вирусот

Коронавирусот пристигна и во Турција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се членовите на Надзорниот одбор на МЕПСО кои го избраа Зуди Енузи Кока за нов директор

Редакција

Вратен монополот на поштенските услуги

Редакција

Макпетрол ќе дели дивиденда од 3.300 денари бруто по акција, највисока во споредба со сите компании чии акции котираат на Македонската берза

Редакција