еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Раст на депозитите и кредитите во ноември

Вкупните депозити во ноември бележат раст од 0,3 проценти, а вкупните кредити оствариле раст од еден процент, покажува извештајот на Народната банка за монетарните движења во претпоследниот месец од годинава.

Според извештајот, паричната маса бележи месечен пад од 0,4 проценти и тој главно е резултат на намалувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и долгорочните депозити до две години, додека готовите пари во оптек забележале умерен раст.

Растот на депозитите, како што стои во извештајот, се должи на зголемувањето на депозитите кај домаќинствата и на поумереното зголемување на депозитите кај корпоративниот сектор, а растот на кредитите на зголеменото кредитирање на двата сектора, со малку поголем придонес на корпоративниот сектор.

– Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, во ноември, е евидентиран месечен раст од 0,5 проценти, којшто произлегува од растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при остварен пад кај краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, се наведува во извештајот.

Во однос на кредитите кај корпоративниот сектор забележан е раст од 1,2 проценти, а нагорните промени во поголем дел произлегуваат од кредитите одобрени во денари.

Кај домаќинствата вкупните депозити бележат месечна нагорна промена од 0,6 проценти главно како резултат на растот кај депозитните пари и растот на останатите компоненти. Раст од 0,9 проценти на месечно ниво има и кај кредитирањето на домаќинствата со тоа што кредитите одобрени во денари имаат поголем придонес за растот.

Во ноември забележан е раст на потрошувачките и станбените кредити одобрени за физички лица, додека пад има кај автомобилските кредити на месечно и на годишно ниво. Кај кредитите одобрени врз други основи забележан е пад и на месечно и на годишно ниво.

На годишно ниво, депозитниот раст изнесува 9,3 проценти, а стапката на кредитниот раст изнесува 6,4 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката

Редакција

Просечната каматна стапка на кредитите во април 4,3, на депозитите 0,68%

Редакција

Неколкукратно намалена добивката на „Славеј“

Редакција