еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка: Сопствениците на „Еуростандард банка“ не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година

Народна банка реагира на вчерашната прес-конференција на бизнисменот и најголемиот акционер во „Еуростандард банка“, Трифун Костовски, кој, една од причините за пропаѓањето на банката ја гледа и во НБРМ.

Од НБРМ велат дека „по отворените прашања и изнесените невистини во текот на изминатите два дена, Народната банка ја известува јавноста дека сите мерки коишто ги има преземено кон „Еуростандард банка“ АД Скопје се за заштита на депонентите на Банката.“

„Со ограничувањето на кредитирањето се заштитија депозитите на депонентите. Ако не се стореше тоа, Банката, депозитите на граѓаните и компаниите ќе можеше да ги пласира во кредити, а без да има доволен капитал. Народната банка мораше и на овој начин да ги заштити граѓаните и компаниите – депоненти на „Еуростандард банка“ АД Скопје и го стори тоа.

Сопствениците имаат законска обврска да обезбедат капитал за покривање на загубите на банката.

Со вложениот капитал од сопствениците во 2019 година, Банката ги достигна минималните законски барања кои од денешна перспектива значат обезбедени дополнителни 11 милиони евра капитал во билансот на Банката.

Сопствениците не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту изнесоа издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор којшто би извршил докапитализација на Банката во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост, со оглед на состојбата во која Банката се наоѓаше.

Стручните служби и раководството на Народната банка, свесни за сериозноста на состојбата во Банката, но и за поширокиот контекст на пандемијата на ковид-19, вложија максимални напори, во законски рамки, да се изнајде поповолно решение.

Во интензивната комуникацијата со сопствениците, Народната банка постојано јасно укажуваше на сериозноста на состојбата во којашто се наоѓаше Банката и инсистираше на итна докапитализација, потенцирајќи дека ако не се случи докапитализација, Народната банка ќе нема друг избор освен преземање на најстрогата мерка – укинување на дозволата за основање и работење на Банката.

Народната банка е независна институција и при вршење на своите законски утврдени цели и задачи која во своето работење се води исклучиво од законите кои подеднакво важат за сите.

Сите мерки коишто ги презеде Народната банка беа во насока да не се дозволи „Еуростандард банка“ АД Скопје одново да презема ризици, а без соодветен капитал за нивно покривање, коишто би биле на штета на депонентите и доверителите,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека „во врска со невистините и клеветите изнесени од страна на сопствениците на „Еуростандард банка“ АД Скопје, во рамки на нивните настапи по донесување на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на Банката, Народната банка ќе ги употреби расположливите правни средства за заштита на нејзиниот интегритет.“

Од таму потсетуваат дека „граѓаните треба да бидат спокојни – банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен. Стабилни и сигурни се сите други банки, како и штедилниците.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

Фондот за осигурување на депозити ќе ги обесштети депозитите на депонентите на „Еуростандард банка“, најмногу до 30.000 евра по лице

Сите детали: Народната банка го објави решението за затворање на Еуростандард банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заев и СДСМ се најголеми непријатели на правдата: Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Повик за донации за Владо Ангелов, вработен во МРТ, потребна му е трансплантација на црн дроб

Редакција

(Фото) „Брако“ со возилата „Грин Машинс“ од утре учествуваат на престижниот ИФАТ саем во Минхен

Редакција