еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нов пакет монетарни мерки: Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,5%

Народната банка соопшти дека вчера се одржала седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на која била донесена одлука за повторно намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5%.

„Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, на седницата беше одлучено понудата на благајнички записи на аукцијата што ќе се одржи денес да се намали за нови 7 милијарди денари.

Заедно со средствата коишто беа ослободени со намалената понуда на благајнички записи на аукцијата во април се ослободуваат вкупно 15 милијарди денари, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем“, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем.

„Овие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика.

Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија“, соопшти банката.

На седницата е одлучено да се направат и дополнителни промени преку коишто од централната банка ќе им се овозможи на банките поголем пристап до ликвидност, доколку во следниот период се појави таква потреба, што индиректно отвора и дополнителен простор за зголемена кредитна поддршка на економијата.

„Поконкретно, со овие промени се прошири опфатот на хартиите од вредност коишто Народната банка може да ги прифати од домашните банки како инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем.

Така, при спроведување на монетарните операции за откуп на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа, Народната банка ќе може да ги прифаќа и домашните државни обврзници со најдолга рочност (15 и 30 години), како и еврообврзниците издадени од страна на државата на меѓународните финансиски пазари, коишто се во сопственост на домашните деловни банки“, информираат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Јовановиќ: Банките ќе профитираат 100 милиони евра од корона вирусот

Дури 70 отсто од граѓаните кои користат кредит од банките го одложиле плаќањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на земји кои ги повлекуваат амбасадорите од Израел

Редакција

Продолжува прекинот на железничкиот патнички и товарен сообраќај

Редакција

Комисијата за финансирање и буџет ја заврши амандмантската расправа по Предлог-буџетот за 2023 години

Редакција