еМагазин
Image default
Бизнис

Народната банка распиша оглас за избор на вицегувернер

Народната банка распиша оглас за избор на еден кандидат за вицегувернер на банката.

Кандидатот за вицегувернер треба да биде лице државјанин на Република Северна Македонија и да има соодветна репутација, да има најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото и да не е должник во стечајна или ликвидациона постапка.

На кандидатот треба да не му е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и да не му е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството.

Целиот оглас ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работела ВМРО-ДПМНЕ во 2021: Партијата има долгови постари и од три години

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите го загубија првото место

Редакција

Намален бројот на вработени во индустријата

Редакција