еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народната банка регистрира раст на цените на становите

Во второто тримесечје од годината, цените на становите мерени преку хедоничкиот индекс растат со стапка од 5,8%, по падот кој беше присутен во претходните три квартали, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај.

„Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа мал пад во првиот квартал од годината, а намалување се забележува и кај вредноста на издадените одобренија за изградба на станбени згради.

Од аспект на побарувачката, и во вториот квартал на 2019 година, побарувачката на станови беше поддржана од солидниот раст на станбените кредити“, соопшти Народната банка.

Хедонички индекс на цените на становите е изготвен од страна на НБРСМ врз база на огласите за продажба во главниот град, а објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. Цената на станот е функција од големината, населбата во која се наоѓа, катот, дали станот има централно парно греење и дали станот е нов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев си оди, кој ќе биде новиот технички премиер?

Редакција

Билјана Алампиоска Андреевска, колекционер на „Малиот принц“: Ја поседува книгата на 51 јазик и има повеќе од 60 различни изданија

Силвана Жежова

Највисоката просечна бруто-плата во јануари изнесува 137.804 денари

Редакција