еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народната банка со мерки за заштита од корона вирусот: Граѓаните да плаќаат со картички и електронски

Народната банка, од денеска во наредниот период следејќи ги утврдените мерки за превенција од ширење на коронавирусот презема конкретни активности за заштита на здравјето на заедницата и на своите вработени, а до граѓаните апелира да избегнуваат користење готовина и плаќањето да го вршат со платежни картички, да избегнуваат посета на експозитури и филијали на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство.

Од Народната банка информираат дека согласно преземените мерки од денеска нема да работат за посетители Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка, нема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација, приемот на налози за извршување плаќања за државата и државните органи ќе се врши до 11 часот, подигањето документи за подигање ефектива од трезорот ќе се врши во редовните термини од 13 до 14 часот исклучиво преку писарницата на Народната банка, исплатата и приемот на девизи од овластените лица на државните институции ќе се врши секој работен ден од 14 до 15 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка, издавањето извештаи за податоци од кредитниот регистар ќе се врши само во вторник и четврток од 15 до 16 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка, приемот на странки за замена на оштетени пари, за купување книжни и ковани пари за нумизматички потреби, како и на странките заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели ќе се врши единствено во понеделник, во периодот од 12 до 13 часот.

Од Народната банка наведуваат дека на редовна основа го анализираат ризикот од ширење на заразата со вирусот Ковид-19 и доколку е потребно, овие правила ќе бидат променети.

Посочуваат дека за прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата [email protected], преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви  02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212.

За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата [email protected] или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125.

–Како централна банка и финансиски регулатор веќе контактиравме и со деловните банки, при што им ги соопштивме овие препораки и дадовме насоки за управување со оперативните ризици, заради намалување на можните негативни последици, стои во соопштението.

Додаваат дека се преземени и дополнителни интерни мерки при што, се откажани учествата на вработените во Народната банка на конференции, семинари и обуки организирани од страна на надворешни субјекти, откажани се сите настани организирани од Народната банка, како и состаноците со надворешни субјекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?

Трогателно сведоштво и апел на Македонка од Милано: „Не го потценувајте корона вирусот, тука веќе нема место во болниците“

(Фото) Информирајте се правилно: Митови и вистини за корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На возраст од 40 до над 60 години, хоспитализирани 5 лица, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција

Предмети за Мерко се изгубиле во судскиот лавиринт, велат од Антикорупциска

Редакција

(Фото) Њу Момент прослави 30 години од постоењето и градењето успешна приказна на маркетинг-пазарот

Силвана Жежова