еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наставничка и бебе меѓу новозаболените, досега 111 заразени со мали сипаници

Во последните 24 часа се регистрирани четири лица заболени со мали сипаници, од кои две се хоспитализирани, а две лица се прегледани амбулантски и пуштени на домашно лекување, информираат од Министерството за здравство.

Меѓу хоспитализираните, како што се посочува, е 17-месечно бебе од скопското село Студеничани, кое не било вакцинирано, и 35-годишна наставничка од градинка „Весели цветови“ од Кисела Вода.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 26 пациенти со морбили, а од почетокот на епидемијата се регистрирани вкупно 111 случаи со ова заболување. Во пунктовите за вакцинација денеска до 13 часот вкупно се вакцинирани 4.530 деца, наведуваат од Министерството за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите и како се пренесуваат мали сипаници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азески за пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата: „Абе, ајде, пули си ја работата“

Редакција

Во интерес на ЕУ е неодложно започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, вели Могерини

Редакција

(Фото) Нова соработка помеѓу Еснаф и модната дизајнерка Росица Мршиќ

Редакција