еМагазин
Image default
Македонија

Наставнички пленум: Голем дел од наставниците се незадоволни од одлуката за кратење на платите

Соочени со апсурдниот феномен кратење на т.н. додатоци на плата за месеците април и мај напоменуваме дека по донесувањето на уредбата за организирање настава во вонредни услови (почнувајќи од 23 март годинава) ние наставниците бевме принудени како знаеме и умееме со техника и технички можности со кои самите располагаме, претежно со сопствени ресурси и сопствен интернет (со кој дел од нас не располагаат) и без соодветна обука, да реализираме настава во вонредни услови, велат од Наставничкиот пленум.

“Ако денеска при вклучување на компјутерот за да ја завршиме својата работна задача, онлине предавања, спремање на тестови, прегледување на ученичките задачи и задавање задачи и во зависност од можностите на наставниците, учениците и родителите ги користиме онлине апликациите до вчера непознати за сите нас како: ZOOM conference, Google Classroom, Webex Meet итн.,изготвување на извештаји за совет на паралелки и совет на училиште, неделни извештаи за одржување на онлине часови, водење на електронски дневник, тоа бездруго значи дека наставниците и понатаму мораат да ги извршуваат своите работни задачи.

Ние не сакавме ваква ситуација и не бевме спремни за онлине настава, а ни учениците и родителите.

Најголемиот број од учениците и наставниците располагаат со застарена опрема со која тешко успеваат да го реализираат овој тип настава.

Во настава во вонредни услови треба да се има предвид и тоа дека е енормно тешко да се постават објективни критериуми за оценување.

Оценувањето во вонредни услови бара дополнителен напор. За жал сега на површина испливаа проблемите со кои се соочивме и ние и учениците, па сега во таков сплет на околности многу потешко можеме да ги решаваме.

Огромен дел од товарот во комуникацијата во овие вонредни услови падна и на стручните служби во училиштата, одделенските раководители, родителите и учениците.

И на сета мака и импровизации во наставата со одлука на владата е предвидено скратување на “високите“ плати каде што е предвидено суспендирање на додатоците на плата во секторот образование (минат труд, класно раководство, додаток за менторство и работи во тешки услови).

Затоа голем дел на наставниците се изјаснија дека не се задоволни од одлуката за кратење на платите во секторот образование и се неприфатливи за голем дел од вработените“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија се заблагодари на европските партнери кои покажале разбирање на бугарската позиција и примена на декларираните принципи во пракса

Редакција

Анѓушев: Постапката на Антикорупциска за „Тополки“ ќе докаже дека се е законски и нема судир на интереси

Редакција

Убава вест: Оздравени петмина болни од Ковид-19

Редакција